Според адвокатот Петре Шилегов, трагедијата во дискотеката „Пулс“ најверојатно е предизвикана од употреба на пиротехнички средства во затворен простор.
Во гостување на Сител Телевизија тој истакна дека пожарот настанал како резултат на недозволено и нестручно ракување со огнени ефекти.
„Пожарот е резултат на противзаконско и несовесно користење огнени материјали во затворен простор“, изјави Шилегов.
Тој додаде дека вакви пиротехнички прскалки не смеат да се користат во објекти од ваков тип, бидејќи претставуваат сериозен ризик.
Шилегов исто така нагласи дека по трагедијата не е направена ниту една законска промена во прописите што ги регулираат условите за работа на угостителските објекти.
„За мене е неприфатливо што по ваква трагедија не е сменет ниту еден пропис“, рече адвокатот.
Тој посочи дека судот ќе треба да ги расчисти сите околности, вклучително и прашањето зошто еден од излезите бил заклучен во моментот на пожарот.
