Шилегов се вакцинираше против ковид-19 и ги повика граѓаните да го искористат своето право на вакцинација

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов се вакцинирал против ковид-19 вечерва во спортската сала „Борис Трајковски“

„Вечерва во Центарот за вакцинација во салата “Борис Трајковски” го остварив своето право, но и обврска на вакцинација против вирусот Ковид 19. Само со масовна вакцинација, можеме заеднички да ја победиме оваа болест. Ве повикувам да го искористите своето право на вакцинација ! Заедно да победиме !!! Особено задоволство ми беше што вакцинацијата (а и брисевите кога бев болен) ја добив лично од Денис Јанкуловски – Космонаутко. Не заигравме ама срдечно се поздравивме. Поздрав за сите прекрасни луѓе од медицинскиот и техничкиот персонал во Центарот. Вакцинирајте се !!!“, пишува Шилегов на својот Фејсбук профил.