Шкендија ја запиша една од најзначајните победи во својата историја, совладувајќи го романскиот гигант ФЦСБ (поранешен Стeaуа Букурешт) со 1:0 во рамки на второто квалификациско коло за Лигата на шампионите.
Херојот на вечерта беше Ибрахим Алхасан, кој во 65. минута погоди за водство и триумф на тетовскиот клуб, носејќи го на чекор поблиску до соништата – пласман во групната фаза од најелитното европско клупско натпреварување.
ФЦСБ, кој има славно минато како европски шампион од 1986 година, тогаш под името Стeaуа го освои Купот на шампионите (денешна Лига на шампиони), победувајќи ја Барселона во финалето по изведување пенали.
Реваншот се игра следната недела во Букурешт, каде Шкендија ќе има тешка, но не и невозможна мисија – да го заокружи подвигот и да продолжи понатаму во европските квалификации.
