Шкендија со нов пораз елиминирана од Европа (ВИДЕО)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Тетовска Шкендија ги заврши настапите во Лигата на Конференции по само два натпревари, откако и во реваншот беше поразена од Рига со 0:1. На натпреварот одигран во Скопје, на Националната Арена Тодор Проески, тетовскиот тим прими гол во 52. минута преку Соисало.

Со тоа по поразот во првиот меч од 2:0, Шкендија се прости од настапите во Европа.

Тетовската екипа ја почна во Лигата на шампионите, меѓутоа беше елиминирана од Мура од Словенија со вкупни 6:0, а сега и во четвртиот меч летово во Европа не успева да постигне гол.

Вечерва од 22 часот Шкупи гостува на Санта Клара. По првиот меч Португалците имаат предност од 0:3.