Шкупи се засили со репрезентативецот Марјан Радески

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Екипата на Шкупи денеска го претстави своето најново засилување. Станува збор за македонскиот репрезентативец Марјан Радески кој доаѓа како големо засилување во тимот од ЧАир.

Радески доаѓа од Академиија Пандев, каде настапуваше во изминатите две сезони, а претходно играше за Победа, Металург и Шкендија.

„За мене е огромна чест да играм за тим како Шкупи. Секој фудбалер би сакал да биде дел од амбициозен тим како Шкупи кој се бори за шампионската титула во Македонија. Се надевам дека ќе помогнам на моите нови соиграчи заедно да дојдеме до посакуваната цел во новата сезона, а тоа е секако битка за првото место. Ќе дадам се од себе за успесите на овој тим“ – истакна Радески по промоцијата во новиот дрес.