Шок за Барселона: Шпанската лига одби регистрација на фудбалерот кого го платија 60 милиони евра пред шест месеци

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Шпанскиот фудбалски шампионат Ла Лига денеска го одби барањето на Барселона да ги регистрира играчите Дани Олмо и Пау Виктор за оваа сезона.

„Откако Барселона ги побара лиценците за споменатите играчи, по анализата на важечките федерални регулативи, Комисијата за следење се согласува да не ја дава прелиминарната виза, ниту конечната лиценца што ја бара Фудбалскиот клуб Барселона за Дани Олмо и Пау Виктор, поради прописите. кои спречуваат играч на кој му е укината лиценцата за да добие лиценца во истата сезона во истиот клуб со кој веќе бил поврзан“, се вели во соопштението од Ла Лига.

Барселона ќе се жали, и последната шанса да го регистрира засилувањето кое пред шест месеци во плати 60 милиони евра, е Судот.

Олмо и Виктор беа отстранети од списокот пријавени играчи на 1. јаунуари, поради прекршување на правилата за финансиски фер-плеј од страна на Барселона.