Еден од најдобрите фудбалери на Светот во изминатите 10 години, ги шокираше сите со објавата дека летово заминува во пензија.
Договорот со Реал Мадрид му истекува на 30. јуни, и финалето во Лигата на шампионите ќе биде негов последен настап во дресот на „кралевите“. Потоа ќе настапи на Европското првенство организирано од неговата земја, и ќе замине во пензија.
34-годишниот Крос веќе 10 години е дел од Реал Мадрид, со кого освои се што можеше да се освои. Претходно во Баерн беше седум години, а една сезона играше во Баер Леверкузен.
За германската репрезентација одигра 108 натпревари, и постигна 17 голови.
