Поранешниот директор на Кардиохирургија, Марјан Шокаревски, реагираше за неговото разрешување кое го нарече незаконски. Според него, министерот во техничката влада, нема право да разрешува или именува директори.
Шокаровски ги отфрли тврдењата дека во Кардиохирургија се оперирани пациенти фантоми, и дека во последниве месеци е зголемена смртноста. Според него, против Кардиохирургијата се врши оркестрирана хајка, со цел да се наруши нејзиниот углед. За ова д-р Васил Папастиев презентираше статистика, според која смртноста не е зголемена, напротив е намалена, но се зголемила сложеноста на здравствените проблеми на пациентите.
За она што беше кажано на оваа прес-конференција свикана од Кардиохирургија, ТВ21 побара изјава и од кабинетот на министерот за здравство, Илир Демири, но одговор не добивме. Пред два дена најави разрешување на директорот Шокаревски, од причина, како што рече, дека добил информација дека 170 пациенти не се соодветно евидентирани во „Mој Термин“.
