Шоле: САД се партнер на Северна Македонија на патот кон ЕУ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Советникот на Стејт-Департментот Дерек Шоле денеска беше во посета на Скопје и се сретна со владините лидаери. Шоле ги потврди силните односи меѓу САД и Северна Македонија. Тој и честиташе на Владата за претседавањето со ОБСЕ на Северна Македонија и го истакна значењето на претседавањето во клучниот момент во европската безбедност.

„Северна Македонија е витален партнер на Западен Балкан, преземајќи важна лидерска улога во обликувањето на безбедноста и стабилноста и во регионот и во цела Европа, во ваков момент“, рече советникот Шоле. 

„Патот напред за Северна Македонија, како оној на остатокот од Европа, бара напорна работа и жртва. Соединетите Држави се партнер во справувањето со тие предизвици. Благодарни сме на Северна Македонија за нејзината цврста поддршка како партнер и доверлив НАТО сојузник во моментите на руската агресија врз Украина“, истакна Шоле. 

По средбата со премиерот Димитар Ковачевски и другите министри во Владата на Северна Македонија, советникот Шоле замина за Косово.