Шолц: Ќе ја браниме секоја педа на територијата на НАТО

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Говорејќи на Источногерманскиот економски форум, на кој присуствуваше и литванската премиерка Ингрида Симонтје, Шолц рече дека Германија одигра клучна улога во присуството на НАТО на руската балтичка граница.

„Заканата од Русија ќе продолжи, а ние и нашите сојузници минатата година одлучивме да распоредиме дополнителни единици во балтичките земји и таму трајно да стационираме цела бригада. Со ова и покажуваме на Русија дека сме подготвени да ја браниме секоја педа од територијата на земјите од НАТО против можен напад“, рече Шолц.

Потсетуваме дека Германија и дозволи на Украина да го користи испорачаното оружје за да гаѓа цели на територијата на Русија.