Министерот за здравство Јенс Шпан, во изјава за „Аугсбургер Алгемајне“, кажа дека очекува Германија да стави крај на пандемијата на коронавирусот следната пролет.
Шпан ова го темели со претпоставка да нема нова варијанта на коронавирусот.
„Доколку не се појави нова варијанта на вирусот против која вакцината не штити, што е малку веројатно, пандемијата ќе ја надминеме на пролет и ќе се вратиме во нормала“, рече Шпан.
