Шпанија е прв финалист на Европското првенство

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Петта победа на Шпанија на ова Европско првенство, и пласман во финалето на 14. јули во Берлин, каде што за пехарот ќе се бори со подобриот од дуелот Англија – Холандија кој е на програмата утре. Шпанците издвојува уште една победа, овој пат над Франција, вторпат на турнирот со пресврт (после Грузија), и така во голем стил, со нова победа се пласира во големото финале. Одигра „реми“ само со Германија во регуларниот дел, но го победи германскиот национален тим во продолженијата.

А, Шпанците имаа проблем на стартот. Мбапе во 9. минута му асистираше на Коло Муани за француско водство во Минхен. И кога се чинеше дека Французите ја имаат контролаата, еден блескав потег на 16-годишниот Јамал, за израмнување.

Јамал од 25 метри прецизно стрелаше во мрежата на Мањан и израмнија. Дојде Шпанија до посакуваното израмнување, меѓутоа тоа не беше се. Четири минути подоцна Олмо постигна гол за пресврт на Шпанија. 

Во вториот дел Франција се обиде да израмни. Имаше шанса преку Мбапе кој лошо шутираше, и уште еднаш покажа дека ова не е „негово“ Европско првенство. Мбапе шутираше високо над голот. Ниту Шпанија немаше некоја сериозна шанса да дојде и до трет гол и порано да го реши победникот, па така во вториот дел останаа оние 2-1 од првото полувреме, за пласман во финале, прво после 2012 година кога „фуријата“ го освои пехарот.