Шпанија ја декласираше Саудиска Арабија, Белгија и Иран одиграа без голови

Репрезентацијата на Шпанија оствари убедлив триумф од 4:0 над Саудиска Арабија во второто коло од натпреварите во групата Х на Светското првенство во фудбал. „Црвената фурија“ доминираше во текот на целиот натпревар, а головите ги постигнаа Јамал во 10. минута, Ојарзабал во 21. и 24. минута, а конечниот резултат дојде со автоголот на Алтамбакти во 49.минута.

Шпанија сега води во групата со 4 бода и има обезбедено речиси сигурен пласман во 1/16 финалето, додека Саудиска Арабија останува со 1 бод и само теоретски шанси за останување во понатамошната фаза на Мундијалот.

Во вториот натпревар вечерва, Белгија и Иран, кои играат во групата Г, го завршија мечот без голови и покрај бројните шанси што ги имаа двете екипи. Двата тима, по два одиграни натрпевари со нерешен резултат имаат по 2 бода.

Неизвесноста за понатамошен пласман во оваа група, каде играат и Нов Зеланд и Египет кои ќе ги одмерат силите во 3 часот наутро, ќе биде разрешена по натпреварите од третото последно коло од групната фаза.