Властите на шпанскиот град Алкала де Гуадаира наредија 80.000 жители да останат во затворени простории поради пожар во складиште за хемикалии, објавија денеска шпанските медиуми.
Според Итната помош, нема информации дека има повредени во пожарот, бидејќи сите работници во фабриката се евакуирани, пренесува „Каденасер“.
Пожарникарите од повеќе провинции се обидуваат да го изгаснат пожарот што избувна во рамките на компанијата „Плаинсур“, во просторот каде што се чуваат хемиски разредувачи на површина од 1.000 метри квадратни.
