Шпанските метеоролошки служби денес издадоа црвен метеоролошки аларм за регионот Каталонија и Валенсија поради обилни врнежи од дожд и бура, објавија локалните медиуми.
Во Тарагона, во текот на попладнето наврнаа 53 литри дожд на квадратен метар, предизвикувајќи прекини во сообраќајот, објави агенцијата Ефе.
Метеоролозите предупредија дека од денес до понеделник во регионот Валенсија може да наврнат 250 до 300 литри дожд на квадратен метар.