Шпигел: Германија планира да нарача уште 15 американски авиони Ф-35

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Германија планира да нарача уште 15 американски борбени авиони Ф-35, објави денес „Шпигел“.

Во документите доставени до Буџетскиот комитет на германскиот Бундестаг, дополнителната набавка на авиони Ф-35А произведени од „Локид Мартин“ е наведена меѓу воените приоритети, а според проценките на Министерството за одбрана на чело со Борис Писториус, за оваа набавка ќе бидат издвоени 2,5 милијарди евра.

Германските вооружени сили (Бундесвер) досега нарачале 35 модели од овој борбен авион, а првите модели треба да бидат испорачани во Берлин во 2027 година.