Пазарот на недвижности во Германија е пред колапс, а клучниот моменет во кој се одлучува дали овој пазар ќе пропадне, е сега, пишува Шпигел. Таквиот став го делат од инвеститори, до станбени задруги за членови со мал буџет, па се до семејства кои бараат стан.
Оправдана е оваа загриженост, бидејќи за да се задоволи побарувачката за станови само во 2023 година потребни се 700.000 станови. Масовното зголемување на трошоците за земјиште и градба ги уништува сите претходно валидни пресметки. Според податоците на Федералното биро за статистика, во февруари биле одобрени само 22.300 нови станови или 20,6 отсто помалку од пред една година.
Сојузниот министер за градежништво Клара Гејвиќ (СПД) се обидува да го намали финансирањето на новите градби.
„Она што се случуваше во минатото беа општи субвенции за градба, зошто да земаме пари од даноци за да им дадеме субвенции на оние што ќе го купат четвртиот или петтиот стан?“, изјави неодамна министерот.
Наместо тоа, Гајвикова се обидува да промовира социјални станови, станови за студенти и млади семејства со ниски примања, кои треба да добијат евтини кредити.
„Милијарди за финансирање недвижнини, да. Но не милијарди за индустријата за недвижнини, туку за социјални станови“, вели политичарот од СПД.
Од гледна точка на индустријата за недвижнини, тоа нема да биде доволно. Учесниците на работната група за иднината на градежништвото од Шлезвиг-Холштајн велат дека пазарот на недвижности е на пресврт. „Ако ништо не се случи, нема да доживееме пад во изградбата на станови, туку вистински крах“, објаснува Дитмар Валберг, експерт кој ја подготви студијата во име на неколку здруженија.
Валберг вели дека радежната индустрија е сè уште недопрена.
„Расположивите капацитети би биле доволни за изградба на 400.000 станови годишно. Општите услови во моментов се полоши отколку по Втората светска војна. „Никогаш досега немало толку голема побарувачка, толку високи трошоци за изградба, такви скокови на каматните стапки и толку многу барања и регулативи. Изградбата на станови е во многу тешка ситуација.
Во 1995 година со изградба на 600.000 станови беше достигнат врвот, по што во 2010 година беше достигнато дното. Клучна карактеристика на кризата е што намалувањето на капацитетот се случува многу брзо.
Падот на станбената градба нема да има само фатални последици за обезбедување на потребниот простор за живеење. Изградбата на станови е двигател на домашната економија. Повеќе од три милиони работни места зависат од изградбата на станови.
Сегашната градежна политика има спротивен ефект. Општините ги зголемија цените на метар квадратен станбен простор во новоградбите во просек за 170 евра, а на ниво на сојузна влада за повеќе од 400 евра.
Тоа значи дека сегашните просечни трошоци за изградба на стан во големите градови се во просек 4.070 евра за метар квадратен. Трошоците за изградба на нови станови за изнајмување во големите градови се нешто под 5.000 евра.
За прифатлива кирија од 8 до 8,50 евра, на повеќе од 60 отсто од домаќинствата подзакупувачи во Германија им се потребни финансиски субвенции од околу 2.300 евра за метар квадратен. За социјални станови со кирија помала од седум евра, потребни се околу 2.900 евра субвенции.
