Во хидроелектричната централа „Шпилје“ кај Дебар, во приодот јануари-септемри годинава произвдени се 247 милиони киловат-часови елетрична енергија, што претставува остварување на годишниот план за над 82 отсто.
Според компанијата, во акумулацијата „Дебарско Езеро“ моментно има резерва на вода за производство на околу 20 милиони квч, односно 50 отсто исполнетост. Последните обилни дождови го зголемија дотекот на вода и изнесува околу 50 метри кубни вода во секунда.
ХЕЦ „Шпилје“ која работи според потребите на енергетскиот систем, во последните пет години во просек произведувала по над 250 милиони киловат-часови елекрична енергија. Историски рекордно производство е забележано пред пет години кога беа произведени околу 500 милиони квч.
„Шпилје“ заедно со ХЕЦ „Глобочица“ го сочинуваат црнодримскиот слив, а во периодот јануари-септември годинава произвеле над 423 милиони киловат-часови електирчна енергија.
