Шри Ланка: Автобус излета од карпа, осум лица загинаа, повеќе од 30 повредени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во сообраќајна несреќа што се случи денеска во ридско подрачје на Шри Ланка, патнички автобус падна од карпа, при што загинаа осум лица, а повеќе од 30 беа повредени, соопшти тамошната полиција.

Несреќата се случила во раните утрински часови во близина на градот Котмала, на околу 140 километри источно од главниот град Коломбо, во планинска област во централна Шри Ланка позната по одгледување чај, пренесе АП.

Во полициското соопштение се наведува дека во сообраќајната несреќа е повреден и возачот на автобусот, кој е еден од примените на лекување во болница.