Што ако Самоопределување на Албин Курти дојде во Македонија?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Големата победа на Самоопределување во Косово насекаде предизвика бројни дебати, а во синоќешното издание на „Клик Плус“ се зборуваше околу тоа колкави се изгледите – ваков бран да ја зафати и Северна Македонија? Портпаролот на опозициската Алијанса за Албанците, Фљакрон Беџети, вели дека неговата партија се стреми кон охрабрување на младите за големи промени, но од друга страна, вели дека ќе го поддржат основањето на Самоопределување како субјект во нашата земја…

Беџети: -Ние се произнесовме, и нашиот претседател, ќе го поздравиме ваквиот чекор, бидејќи сметаме дека сега Албанец или политичар….
ТВ21: -Тогаш ќе се свртите против Самоопределување?
Беџети: -кој може да придонесе…
ТВ21: -бидејќи ќе се натпреварувате на избори…
Беџети: -во развојот на политичкиот живот, за еден подобар живот, за спречување на миграцијата, за поголем економски развој, за стандардот на Албанците… на сите граѓани…
ТВ21-сега ми зборувате како аналитичар…
Беџети: -и секој кој може да придонесе да срушиме еден политички режим, се разбира ние го гледаме како сојузник во нашата определба за промени…

Бинас Пајазити од Движењето Беса, рече дека првиот човек на АА, Зијадин Села претендира да го имитира Курти, додавајќи дека сѐ уште го нема поминато професионалниот и политичкиот пат, а ниту пак активностите на Албин Курти. Побара да не се очекува помош од надвор, туку самите Албанци во Македонија да се соберат и да соработуваат за да донесат промени.

-Треба да смогнеме сили, да не го чекаме спасителот од небо или од Косово, туку да собереме сила, сите албански партии во Македонија, сите заедно да одиме напред, бидејќи во спротивно, илузија е дека спасот ќе ни дојде од некаде. Самите треба да ја завршиме работата-рече Пајазити.

Аналитичарот Арбен Лала, рече дека гласот за Самоопределување, е глас за гнев кон старите политики во Косово. Додава дека во Македонија, од идеолошки аспект, нема амбиент за основање на Самоопределување.

-Македонија е посебен вид… гласачот во Македонија е посебен вид во споредба со Албанците во Албанија и Косово. Значи, игра улога културата, власта, обемот на власта, долгорочноста…-изјави Лала.

Аналитичарот Сефер Селими, ја посоветува Алијанса за Албанците да биде внимателна околу нејзините позиции како политичка партија, бидејќи, како што вели, го нема луксузот да зазема страна во кампања или да објавува соработка или спротивставување.

-Удобноста со која вие го правите ова е опасна и може да предизвика последици во иднина. Можеби вие денеска можете да добиете од еуфоријата од Самоопределување и да придобиете од политички аспект. Последиците? На пример што ќе се случи ако утре Алијанса премине во позиција во Владата во Македонија, а ДПК во Косово? Која би била институционалната соработка на Косово и Македонија?-праша Селими.

И првиот човек на Самоопределување, во јуни минатата година најави дека Движењето со кое раководи ќе има седиште и во Северна Македонија. Партијата веќе има претставништво и во Албанија.