Првиот круг на локалните избори помина, но што може да се очекува од вториот круг кој на 2 ноември треба да се одржи во 33 општини, ова беше темата на која се дебатираше во магазинот Клик плус на Тв21. Беше ли изненадување резултат на ВРЕДИ? Според професорот Берат Дехари, она што го постигнаа тие се должи на соработката со владиниот партнер ВМРО-ДПМНЕ.
-Очигледно и кристално јасно е дека нормално функционира ВМРО со ВРЕДИ и во централна власт и на локална власт барем тоа е јавно докажано. Само да се надоврзам за Сарај, значи таму ви е кристално чисто дека за 200 гласа, се подразбира вмровски гласа кандидатот на ВЛЕН победи, изјави Берат Дехари, професор.
Дали веќе се е познато или сепак има неизвесност и кој кому ќе му ги даде гласовите во вториот круг. Според политикологот Борјан Ѓузелов слабиот резултатот на кандидатката на СДСМ Каја Шукова е поради тоа што самата партија не успеала да профитира од состојбата во град Скопје.
-СДСМ имаа шанса да капитализираат на проблемите во Скопје кои произлегуваа од кандидатката која беше поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и од мнозинството во Советот и нивните несогласувања внатре во општината поради кои многу работи беа блокирани и поради кои и денес имаме ѓубре по улиците. За жал СДСМ не успеа доволно добро и доволно рано да најде некој кандидат кој ќе биде адекватен пандан на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, вели Борјан Ѓузелов, политиколог.
Според политичкиот аналитичар Никола Србов, неуспехот на СДСМ овозможи Левица да постигне успех во град Скопје. Според него понижување би било социјалдемократите да им ги дадат гласовите во вториот круг.
-Сега и во вториот круг во Скопје имаме една игра на бројки на очекувања. Би било за СДСМ тоа понижување искрено. СДСМ е да речеме етаблирана партија една од стожерните партии во Македонија да сега се спојува со некакви радикални движења, анархистички, тоа би било понижување за самиот Социјалдемократски Сојуз, вели Никола Србов, политички аналитичар.
Прашањето на слабата излезност но и бројот на оние кои се одлучиле да го поништат ливчето е загрижувачки е оценка на гостите кои велат дека тоа претставува аларм дека се работи и за зголемување на незаинтересираноста но и на револт на граѓаните кон политичарите.
