Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и член на извршниот комитет на партијата, Антонио Милошоски во емисијата „10 минути“ одговори на прашањето што покажуваат анализите на ВМРО-ДПМНЕ за тоа каков е рејтингот на оваа партија.
„Според она што можам да го кажам од податоците коишто се достапни во тие анкети е дека бројот на граѓаните коишто се незадоволни од власта на локално и на централно ниво и како се применува владеењето е многу поголем од бројот на граѓаните коишто се задоволни“, истакна Милошоски
Тој смета дека граѓаните на Тетово, Штип, Прилеп, Велес и Битола очекуваат што поскоро промени.
