Што се кажа, а што се направи за Попова Шапка? – Посетителите: Надежите за успешна сезона се мали

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Протоколи за попис – „Не е проблем влегувањето дома, ако се почитуваат мерките“

Директорот на Институтот за јавно здравје воедно и член на Комисијата за заразни болести Шабан Мемети за ТВ21 ги...

Кривична пријава за две лица – во 2018 година ја оштетиле Клиничката болница Битола за 600 илјади денари

Секторот за внатрешни работи Битола до Основното јавно обвинтелство Битола, поднесе кривични пријави против З.Л.(67) од Битола, поранешен в.д....

Кривични пријави за две лица од Скопје и Кичево – насилно влегле во домот на 72-годишна жена и ја ограбиле

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Е.А.(25) од Кичево и против М.Д. од Скопје, поради постоење основи на сомнение...

Жителите на Лока блокирани со недели – рушење на објект го затвори селскиот пат

Поради рушење на овој објект, жителите на селото Лока, Сарај, се блокирани со недели. Полицијата не дозволува мештаните да поминуваат...

Повторно зголемен бројот на заразени – „Фајзер“ го испрати договорот, вакцините пристигнуваат во март?!

За 56% е зголемен бројот на новозаразени со Ковид 19. Најпогодени се лицата на 60 годишна возраст а најголем...

Ѓубре на секој агол, вода што ги поплавува улиците, недостиг од атмосферска и фекалната  канализација, неасфалтирани улици и депонија од отпад. Ова е глетката со која се соочуваат туристите и љубителите на природата на Попова шапка.

Како што изгледа и оваа туристичка сезона ќе биде заморна за туристите но и за самите сопственици на бизнисите бидејќи и оваа година не е направена ниту една инвестиција во најубавиот туристички центар со прекрасна природа.

Посетителите кои ги сретнавме велат дека инфраструктурата, паркингот но и самите викендички кои се дивоградби ги овозможува општина Тетово и се еден од најголемите проблеми на Попова Шапка.

„Јас многу години сум овде и никогаш досега не сум видел местото да се уреди или да се гради нешто. Инфраструктурата е целосно уништена. Јас не можам ја разбирам државата и политиката, како еден од најретките и најубавите ресурси во Европа не се уредува и гради. Јас често велам дека доколку политиката сака да направи добро за Тетово, треба да инвестира во Попова Шапка бидејќи тоа ќе и донесе на Тетово и тетовци, и на сите граѓани од околината, многу економски добра“, посочи Ариф Зибери.

„Секако дека треба да се инвестира, да, има владина програма за да се направат неколку нешта. Според тоа што сум слушнал ќе се преземат мерки за Попова Шапка, а овде треба да има и урбанистички план бидејќи стилот на викендичките е вистински хаос. Овде изгледа како куќичка за кучиња а не одморалиште, видете како е уредено…“, посочува посетител.

Како за иронија, патот кој води до најубавите места на Шар Планина, како што е водопадот на Лешница или до бачилата, се наоѓа дива депонија а веќе неколку години по ред надлежните не прават ништо за нејзино чистење.

„Веќе неколку години по ред овде над викендичките во Попова Шапка се наоѓа депонија. Општинските власти кои се одговорни за населбата не преземале никаков чекор за чистење на депонијата“, вели репортерот на ТВ21.

Во Попова Шапка, постоеше и жичара која во конфликтот на 2001 година беше оштетена и од тогаш не е уредена. Политичките партии секогаш ветуваа дека ќе ја уредат жичарата, а тоа го вети и претседателот на Движење Беса, Билал Касами. Тој за ТВ21 изјави дека доколку коалицијата предводена од СДСМ победи на избори, жичарата и ревитализацијата на Попова Шапка ќе се направи за 4 години.

„Жичарата е поврзана и со ревитализацијата на Попова Шапка. И жичарата и ревитализацијата на Попова Шапка ќе се направат за четири години, во текот на следниот мандат, но ДУИ веќе 20 години не планира тоа да го направи“, посочи Биљал Касами.

Минатата година поради недостигот на снег Попова Шапка ниту еден единствен ден немаше сезона за скијање.  И изградбата на системот за вештачки снег со години се ветуваше но не е реализирано, а за таа цел почна и изградбата на базен, но и тој проект беше оставен на пола. Политичките партии ДПА, ДУИ и коалицијата АА- ААА, потпишаа декларација со здружението „Да ја спасиме Попова Шапка“ за инвестирање во ова туристичко место.