Министерката за финансии Нина Ангеловска во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 одговара што со работниците кои добиле отказ или понудено им е спогодбен договор.
„Во вториот сет на мерки има мерки за заштита на работниците кои го или би го изгубиле работното место. Целта не е да ги броиме сите изгубени места туку целта е да ги заштитиме сите работни места, за да не дојде до таму да треба да го земаат надоместокот за невработеност“, истакна Ангеловска.
Таа додава дека граѓаните кои ќе ги изгубат своите работни места ќе имаат надоместок од 50% од просечната нето плата која ја примале.
