Во денешната емисија на ТВ21, „Клик Плус“, кандидатот за градоначалник од СДСМ, Каја Шукова на прашање кое е нејзиното решение за Вардариште, таа одговори дека прво мора да се расчисти теренот.
-Прво мора да се расчисти теренот и да се огради и да имате 24/7 надзор. За да не може да има пристап на поединци коишто ќе доаѓаат и повторно ќе депонираат ѓубре или еве евентуално да го запалуваат, вели Шукова.
Шукова додаде и дека парк на местото каде што е Вардариште не треба да има 15-20 години најмалку.
-Треба да има соодветен третман на Вардариште, да се заштити, да се исчисти и да нема повеќе простор да се пали отпадот, вели Шукова.