Шукова за предлогот на Ѓорѓиевски за директорка на Комунална хигиена: Не се гледам како дел од администрацијата на Ѓоргиевски!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во денешната емисија „Клик Плус“ на ТВ21, кандидатката за градоначалник од редовите на СДСМ, Каја Шукова, се осврна на предлогот на нејзиниот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, кој изјави дека би ја поставил на директорско место во ЈП „Комунална хигиена“.

Шукова, со краток но дециден одговор, ја отфрли можноста за таков ангажман:

-Навистина не се гледам како дел од администрацијата на господинот Ѓорѓиевски и сметам дека таа изјава беше не знам како да ви кажам, јас имам изградено своја кариера и не се гледам таму, вели Шукова.