Во денешната емисија „Клик Плус“ на ТВ21, кандидатката за градоначалник од редовите на СДСМ, Каја Шукова изјави дека Скопје може повторно да стане модерен и убав град, доколку се вложи посветена и систематска работа.
„Верувам дека за неколку години можеме да направиме Скопје конечно да заличи на модерен и убав град. Нашиот главен град тоа го заслужува,“ рече Шукова, додавајќи дека за одредени проблеми, како загадувањето на воздухот, ќе биде потребно повеќе време.
„Јас никогаш не велам дека ние ќе го решиме загадувањето на воздухот за две години. Тоа е тежок процес. Тежок процес го поминале сите европски градови,“ нагласи таа.