Шумски пожар во близина на манастир во Света гора

НАЈНОВИ ВЕСТИ

 Од воздух и копно противпожарните сили на Грција го гаснат пожарот што рано утрово избувна во шумски предел на Света Гора, во поширокото подрачје на еден од манастиритe.

Заменик-управителот на Света Гора, Аристос Касмироглу за грчката телевизија Скај рече дека пожарот е во непрооден дел во близина на манастирот, но станува збор за шумски предел и манастирот не е во опасност.

Паралелно изрази надеж дека огнените јазици брзо ќе бидат ставени под контрола.

Во гаснењето учествуваат четири авиони и еден хеликоптер, како и 11 возила со 43 пожарникари и три пешадиски тима.