Шведска ги затвора границите за граѓаните од Велика Британија и Данска

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Шведска нема да дозволи пристигнување на странски државјани од Велика Британија и Данска поради појавата на новиот вид на коронавирус во тие земји, а ова е првпат од почетокот на пандемијата Шведска да ги затвори своите граници.

Повеќе од 40 земји досега забранија влез на британски граѓани.

„За да се намали ризикот од ширење овде, Владата донесе одлука денес да забрани влез“, рече министерот за внатрешни работи Микаел Дамберг на прес-конференција.

Забраната стапува на сила на полноќ. Покрај тоа, Шведска ќе ги прекине сите летови од Велика Британија на 48 часа.