Адвокатот на Сашо Мијалков, Љупчо Шврговски се произнесе околу предлогот на ЈО за определување на мерка затворски притвор.
„Одбраната смета дека определување мерка притвор е неосновано за Сашо Мијалков. Во моментов му е определен домашен притвор, во кој стриктно се наведени обврските и условите кои треба да ги исполни.
Дали до овој момент од донесување на ова решение, со било каква постапка, е нарушен било кој од овие обврски, односно основот. Не е повреден ниту еден основ.
Се поставува прашање по изнесениот основ дека МВР не може да ги обезбеди обврските кои се експлицитно дадени по законот за кривична постапка, и тоа се образложува како причина за мерка притвор. Пропустот на државата, не може да се му се препише како пропуст на Мијалков. Државата мора и треба да го обезбеди. Дали 24 часовен надзор преку физичко обезбедување, а не со електронска алка, остава сомнеж дека Мијалков може да остане недостапен за органите на прогонот? Секако дека не може.
Од овие причини одбраната смета дека не е исполнет законскиот основ за определување на потешка мерка која што е во моментов.“, рече Шврговски.
