Кинескиот претседател Си Џинпинг денес по повод 50-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи со Европската Унија изјави дека Кина и ЕУ се сеопфатни стратешки партнери, две водечки сили кои промовираат мултиполаризација, два големи пазари кои ја поддржуваат глобализацијата и две големи цивилизации кои се залагаат за различноста.
Според неговите зборови, односите меѓу Кина и ЕУ станаа „едни од највлијателните билатерални односи во светот“, давајќи важен придонес за подобрување на благосостојбата на кинескиот и европскиот народ и промовирање на светскиот мир и развој.
Кинескиот лидер изјави дека придава големо значење на развојот на односите меѓу Кина и ЕУ и дека е подготвен да работи на зајакнување на разбирањето и меѓусебната доверба, зајакнување на партнерството и отворање посветла иднина за односите меѓу Кина и ЕУ.
