Сигурносна камера снимаше питбул како спасува кученце од давење (ВИДЕО)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сигурносна камера крај базен на семејна куќа, фатила питбул како спасува мало куќе од давење.

Кога питбулот го здогледал кучето во базенот, од прва не знаел што да направи, па почнал да трча околу. Потоа кучето го „фатило“ малото кученце со устата за ушите, но не му успеало веднаш.

После неколку обиди, питбулот успеал да го спаси кучето од базенот. Сопствениците велат дека питбулот има 13 години и дека многу се плашел од вода. Биле многу горди кога ја виделе снимката.