Силен земјотрес го погоди Мексико

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Потрес со јачина од 5,9 степени го погоди јужниот дел на Мексико, и ги вклучи алармите дури и во главниот град Мексико Сити.

Американскиот гелошки завод соопшти дека потресот е забележан нешто после 23 часот по локално време во близина на градот Матиас Ромеро Авендано.

Епицентарот бил на длабочина од 108 километри. Агенцијата за цивилна одбрана соопшти дека ја следи ситуацијата за евентуални штети.

Голем дел од жителите на Мексико Сити ноќта ја минаа на улица.