Силен земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Пакистан, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Земјотресот се случил на длабочина од 39 километри, соопшти ЕМСЦ.
Епицентарот на земјотресот бил шест километри југоисточно од градот Хазаро, се наведува во соопштението.
