Силен земјотрес ја погоди Алјаска

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран во четврток, 30 октомври 2025 година, во 18:33 часот, во областа на Алјаска.

Епицентарот на земјотресот, според податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, бил на 170 километри од Анкориџ, на длабочина од околу 32 километри.

Засега нема информации за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.