Силен земјотрес ја погоди Индонезија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во Индонезија.

Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал на околу 200 километри североисточно од Лоспалос.

Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 149 километри под површината на земјата.

Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.