Силен земјотрес ја погоди Нова Гвинеја

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Земјотрес со јачина од 7,1 степени ја погоди Папуа Нова Гвинеја, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Потресот е регистриран во 18:04 часот по локално време. Епицентарот на земјотресот бил на 38 километри од градот Амбунти, а неговата длабочина била 73 километри.

Магнитудата првично беше пријавена како 7,4, но центарот подоцна ги ажурираше податоците.

Нема извештаи за жртви или материјална штета. Засега не е прогласена закана од цунами.