Силен земјотрес ја погоди Турција

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Силен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала ја погоди Турција, јавува EMSC.

ЕМСЦ прво извести дека земјотресот бил со јачина од 5,7 степени, но набрзо ја намалиле јачината.

Земјотресот е регистриран на 20 километри од Козан во централна Турција, на длабочина од 12 километри.

Земјотресот е регистриран во 9:31 часот по локално време.