Силен земјотрес ја погоди Турција

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Земјотрес со интензитет од 5,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди денес источна Турција, соопштија службите за вонредни ситуации во земјата.

Земјотресот го погоди округот Батагази во покраината Малатаја во 9:00 часот наутро на длабочина од седум километри, според Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби.

Засега нема извештаи за штети, но телевизиските снимки покажуваат дека училиштата се евакуираат и луѓето бегаат од зградите.

Турција се наоѓа на големи геолошки раседи и земјотресите се чести.

Земјотресот со магнитуда од 7,8 степени по Рихтер во 2023 година усмрти повеќе од 53.000 луѓе во Турција и уништи или оштети стотици илјади згради во 11 јужни и југоисточни провинции. Уште 6.000 луѓе загинаа во истиот земјотрес што ги погоди северните делови на соседна Сирија.