Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтер ја потресе попладнево Романија, јавува ЕМСЦ.
Земјотресот бил со епицентар во југозападниот дел од земјата, во близина на градот Таргу Јиу, а бил почувствуван во Србија и Бугарија, и со помал интензитет и во североисточниот дел на Македонија. Бил на длабочина од 13 километри.
