Силен земјотрес на границата меѓу Турција и Грција

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Силен земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала се случи ноќеска на границата меѓу Турција и Грција, во близината на Фетије, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Земјотресот бил почувствуван на грчкиот остров Родос.

Како што е наведено, епицентарот на земјотресот бил на отворено море, на длабочина од 30 километри, североисточно од Родос.  

Според исказите на очевидци објавени на веб-страницата на EMSC, 
земјотресот бил почувствуван и во блиските турски крајбрежни градови, а многу луѓе биле разбудени од силниот потрес.

Засега нема информации за повредени или материјална штета.