Силен земјотрес од 6,7 степени го погоди Филипини

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Силен земјотрес со јачина од 6,7 степени, го погоди во сабота наутро подрачјето јужно од главниот град на Филипи, Манила, објави Институтот за вулканологија и сеизмологија.

Агенцијата нагласила дека се очекуваат мали потреси после првиот кој се случил на длабочина од 116 километри.

Жителите на подрачјето на главниот град ги разбудил потрес кој траел една минута.

Потресот бил многу длабоко, па од тука нема опасност за цунами.