Земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала се случи во близина на Нов Зеланд, на околу 160 килоемтри од малиот пристанишен град Ривертон во океанот, соопшти Американскиот геолошки институт.
Земјотресот се случил во 14:43 часот по локално време. Засега нема информации за штети или предупредувања за цунами, но локалните медиуми објавија дека илјадници жители го почувствувале земјотресот.
Среќна околност е што се случил во вода, а не на копно, па засега нема материјални штети.
