Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала ја погоди денеска Индонезија, соопштил Американскиот институт за геофизика.
Како што денеска соопшти оваа установа, не е издадено предупредување за цунами, а податоци за штети нема.
Потресот бил на истокот од земјата на длабочина од 12 километри, и на 180 километри од градот Туала, во провинцијата Папуазија.
Ова е уште еден од серијата на земјотреси кој ја погоди оваа држава во последниот период.
