Силен земјотрес утрово и во Турција

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтер, ја погоди централна Турција, во близина на Газиантеп.

Земјотресот се случил во 9:48 часот по локално време, на длабочина од 89 километри.

На речиси истото место се случи катастрофален земјотрес на 6. февруари минатата година, при што загинаа околу 53.000 жители, а повеќе од 120.000 беа повредени.

Утрово катастрофален земјотрес го погоди Тајван. Билансот досега е седум жртви и повеќе од 700 повредени.