Силен земјотрес ја погоди северозападна Турција во 12:49 часот по локално време, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Според податоците на ЕМСЦ, земјотресот бил со јачина од 6,2 степени, а епицентарот бил лоциран во внатрешниот дел на Мраморното Море, во близина на Силиври, на периферијата на Истанбул.
Земјотресот беше почувствуван во бројни соседни провинции, предизвикувајќи загриженост кај жителите.
Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја на социјалните мрежи објави дека сите надлежни служби веднаш започнале теренски испитувања за проценка на евентуалната штета.
Им посакувам брзо закрепнување на сите наши граѓани погодени од земјотресот“, напиша Јерликаја.
