Силен земјотрес во Индија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Земјотрес со јачина од шест степени според Рихтеровата скала утрово го погоди североисточниот дел на Индија, соопшти Американскиот институт за геофизика.

Според првите информации, во земјотресот нема жртви.

Епицентарот бил во северната индиска држава Асам, во близина на границата со Бутан.

Жителите на главниот град на соседната држава Гувахати, 150 километри јужно од епицентарот, рекоа дека го почувствувале земјотресот, кој предизвикал и мала материјална штета.