Силен земјотрес во Перу

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Силен земјотрес со интензитет од 7,4 степени според Рихтер денеска го погоди северно Перу.

Епицентарот на земјотресот бил 42 километри северозападно од покраината Баранка, на длабочина од 115 км.

Земјотресот е почувствуван и во Еквадор, Бразил и Колумбија.

Се уште нема информации за човечки жртви или материјална штета.