Силен земјотрес во западна Турција

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала, го потресе западниот дел на Турција, во близина на Баликесир, град со 238.000 жители.

Епицентарот бил на длабочина од 7 километри. Бил почувствуван и во околината на Бурса, Истанбул и Измир.

Серија на земјотреси во изминатиот период го затресоа овој дел на Турција, при што е причинета мала материјална штета.