Земјотрес со јачина од 5,5 степени е регистриран на северниот дел на Чиле, јавуваат локалните чилеански медиуми.
Епицентарот на земјотресот бил на 18 километри од градот Сан Педро де Атакама, каде живеат околу 4.000 жители, на длабочина од 138 километри.
Силен земјотрес со јачина од 5,5 степени утрово го погоди и североисточниот дел на Јапонија, соопшти Јапонската метеоролошка служба.
Епицентарот на земјотресот бил во округот Ибараки, на длабочина од 50 километри под нивото на морето.
Земјотресот е почувствуван и во околните области, како и во Токио, а досега не е издадено предупредување за цунами.
